Сигнали за дијалог меѓу Киев и Москва

Најверојатно новиот претседател на Украина Петро Порошенко и Москва сигнализираа подготвеност за разговари за текот на кризата во Украина.

Порошенко денеска изјави дека планира да се сретне со руските лидери на почетокот на јуни, додавајќи дека стабилноста во источна Украина не е можна без учество на Москва.
Тој исто така рече дека сака да продолжи воената офанзива во сепаратистичкиот исток, но дека треба да биде поефикасна.

Во Москва, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена за дијалог со Порошенко, но предупреди да не продолжат операциите против сепаратистите .