Папата Франческо во посета на Ерусалим

Папата Франческо денеска на последниот ден од турнејата на Блискиот Исток е во посета на Ерусалим. Папата е во посета на Џамијата Ал-Акса, а се молеше и на Западниот ѕид во Стариот Град.

Папата ќе го посети и Музејот на холокаустот - Јад Вашем како и Кенакле, просторијата надвор од ѕидовите на стариот град каде што христијаните веруваат Исус се одржала Тајната вечера на Исус Христос со неговите ученици.

Франческо, исто така, ќе се сретне и со израелскиот претседател Шимон Перес и премиерот Бенјамин Нетанјаху. Папата побара ставање крај на блиско источниот конфликт, поканувајќи ги израелските и палестинските претседатели да му се придружат во Ватикан на молитва за мир.