Украина- се очекуваат официјалните резултати, Порошенко прогласи победа

Денеска се очекуваат официјалните резултати од претседателските избори во Украина. Петро Порошенко веќе објави победа, а излезните анкети покажуваат дека тој освоил околу 55 проценти од гласовите. Неговиот најголем конкурент, поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која освои околу 13 насто гласови, го призна поразот.
Милијардерот Порошенко, сопственик на индустрија за производство на чоколади, изјави дека негова прва мисија како претседател ќе биде да стави крај на војната и да донесе мир, најавувајќи оти прво патување ќе му биде во источниот дел на земјата, кој е под контрола на про-руски бунтовници. Тој исто така изјави дека Украина никогаш нема да ги признае референдумот и окупацијата на Крим, додавајќи оти Украинците го избрале патот на европската интеграција.