Папата Франциско допатува во Израел

Папата Франциско допатува во Израел, со што ја почна последната етапа од тридневната блискоисточна турнеја. Тој денеска патуваше со хеликоптер од Витлеем до аеродоромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, каде што беше пречекан на црвен тепих од израелскиот претседател Шимон Перес и премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Папата Франциско за време на посетата на Западниот Брег, повика да се стави крај на "веќе неприфатливиот" палестинско-израелски конфликт. Франциско зборуваше за потребата "да се интензивираат напорите и иницијативите" да се создаде стабилен мир, врз основа на решение за двете држави, откако тој се сретна со претседателот на палестинските власти Махмуд Абас во Витлеем.
Папата подоцна одржа миса на отворено во близина на Црквата на Христовото раѓање.
Како дел од тридневната турнеја на Блискиот Исток, Франциско полета директно со хеликоптер од Јордан, станувајќи првиот папа кој допатувал директно на Западниот Брег наместо да влезе преку Израел.