Во поплавите во БиХ 23 загинати

Во Добој вчера е пронајдено тело на маж за кој е утврдено дека загинал во поплавите кои минатата недела го погодија тој град, со што бројот на жртвите во поплавите во БиХ е зголемен на 23, јави Танјуг. Полицијата на Република Српска наведе дека е пронајдено телото на 41-годишен маж од местото Кожуха кај Добој, кој досега се водеше како исчезнат. Полицијата трага по уште еден маж во Добој чие семејство пријавило исчезнување.