Папата повика да се стави крај на палестинско-израелскиот конфликт

Папата Франциско за време на посетата на Западниот Брег, повика да се стави крај на "веќе неприфатливиот" палестинско-израелски конфликт.
Франциско зборуваше за потребата "да се интензивираат напорите и иницијативите" да се создаде стабилен мир, врз основа на решение за двете држави, откако тој се сретна со претседателот на палестинските власти Махмуд Абас во Витлеем на 25 мај.
Папата подоцна одржа миса на отворено во близина на Црквата на Христовото раѓање.
Како дел од тридневната турнеја на Блискиот Исток, Франциско полета директно со хеликоптер од Јордан, станувајќи првиот папа кој допатувал директно на Западниот Брег наместо да влезе преку Израел.