Тајланд: воената хунта го распушти парламентот

Воената хунта на Тајланд која пред два дена спроведе воен удар, денеска го распушти парламентот и соопшти дека од сега таа донесува закони. Претходно, воената хунта соопшти дека поранешната премиерка Јинглук Шинаватра, членовите на нејзниот кабинет и водачот на антивладините протести ќе останат во притвор до една недела за да „имаат време да размислат“. Тајландската војска ја презеде власта во четвртокот по повеќемесечните повремени насилни улични протести и блокади на избраната влада ко0ја е поддржана од тајландската елита.