Рускиот заменик премиер, Дмитри Рогозин се состанал со сирискиот претседател Башар ал Асад

Рогозин напиша на 24 мај на својот профил на Твитер дека се состанал со официјални претставници во Дамаск и "ја завршува средбата со Асад."
Објавена е фотографија на Твитер со слика на Рогозин каде што тој се ракува со Асад.
Говорејќи по состанокот со сирискиот претседател, Рогозин ги спореди претстојните претседателски избори во Украина и во Сирија, велејќи дека изборите во Сирија се одржале во строга согласност со уставот и "не како резултат на државен удар придружен со узурпација на власта".
Состаноците на Рогозин се случија истиот ден кога Русија најави дека планира да и пренесе 12 MiG-29M/M2 борбени авиони на Сирија од 2016-2017.
Генералниот директор Сергеј Коротков рече испораката на авионите е во согласност со договорот потпишан во 2007 година.