САД: три лица загинаа во близина на универзитет

Три лица загинаа во близина на Универзитетот Санта Барбара во Калифорнија, а седум лица се повредени, соопштија локалните власти. Портпаролот на окружниот шериф, Кели Хувер рече дека двајца осомничени се задржани во притвор по пукањето кое се случи во близина на Универзитетот во Санта Барбара. Околностите за настанот не се сеуште јасни, иако се знае дека полицијата обезбедила четири различни места на злошинот. Овој дел од градот е познат по многубројните забави кои често се претвораат во насилни инциденти.