Русија ќе го респектира исхoдот од претседателските избори во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе го респектира исходот од претседателските избори во Украина, но оцени дека земјата е вовлечена во граѓанска војна и го обвини Западот за охрабрување на државен удар. Во врска со односите на Русија со САД, Путин истакна дека е оптимист. Не ја губам надежта дека ситуацијата во Украина ќе се смири, а ние ќе најдеме сила за да ги нормализираме односите, истакна Путин на меѓународниот бизнис форум во Санкт Петербург.