Илјадници животински мрши во надојдените води во БиХ

Илјадници мрши на угинати животини се наоѓаат во надојдените води во поплавените подрачја на БиХ, а се заканува и опасност од зарази доколку тие итно не се отстранат, изјави претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир.

Тој изјави дека Босна нема доволно специјализирани тимови кои сами ќе ја завршат работата и побара дополнителна помош од Хрватска.