Сирија - 22 загинати при гранатирање на изборен шатор

Најмалку 22 луѓе загинаа кога сириските бунтовници гранатираа шатор кој се користеше за изборна кампања во јужната провинција Дера.

При тоа, како што соопшти, сириската опсерваторија за човекови права најмалку 30 лица се повредени.Sirija

Во Сирија изборите се закажани за 3 јуни. Се очекува трет седум годишен мандат на претседателот Башар ал-Асад.

Неговите противници сметаат дека изборите се фарса. Над 160.000 луѓе се убиени во 3-годишниот конфликт во Сирија, а милиони луѓе ги напуштиле своите домови.