Свлечишта на Коридорот 10

По трасата на транспортниот Коридор 10 во реонот на српскиот град Димитровград и бугарската граница, се појавија свлечишта во различни делници, како последица на врнежите и нестабилниот терен, јави агенцијата Танјуг.

Постои ризик од нови свлечишта, а износот на работите за отстранување на последиците од нив се проценуваат на неколку милиони евра.

Бидејќи засегнатите делници, кои се во процес на изградба, се главно надвор од патната мрежа, движењето на автомобили не е загрозено.