Бридлав: руските војници се уште на украинската граница

Филип Бридлав

Главниот командант на НАТО силите американскиот генерал Филип Бридлав денеска изјави дека Алијансата забележала извесно повлекување на руските трупи од украинската граница, но додаде дека се уште е рано да се оцени дали станува збор за значителен број војници. Според него, голем број руски сили и натаму се стационирани во близина на украинската граница. Зборувајќи по состанокот со министрите за обрана на НАТО во Брисел, Бридлав додаде дека само целосно повлекување може да придонесе за деесаклација на кризата во Украина.