Расмусен: Црна Гора со реални шанси за членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен констатира денеска во Подгорица дека Црна Гора постигнала очигледен напредок на патот кон членство во Алијансата. Расмусен, се сретна со претседателот Филип Вујановиќ и претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ, даде позитивна оценка за напорите на Црна Гора до следната средба на врвот на НАТО да ги активира напорите и да ги оправда уверувањата дека е подготвена за членство. Алијансата смета дека евентуалната покана за членство на самитот во Велс е стратегиски важна не само за Црна Гора, туку и за целиот регион и НАТО, беше констатирано на средбата на Расмусен со црногорските лидери.