Украина бара итна седница на Советот за Безбедност на ОН

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук побара итна седница на Советот за Безбедност на Обединетите Нации поради борбите во источна Украина. Јацењук денеска изјави дека сакаат да презентираат докази оти Русија се обидува да го ескалира конфликтот и да ги наруши претседателските избори кои се закажани за 25-ти овој месец. Претходно, украинското министерство за одбрана соопшти дека 9-мина припадници на украинските безбедносни сили загинале, а 18 биле повредени во текот на изминатата ноќ при престрелка со про-руски сепаратисти во источна Украина.