Расмусен: Има сигнали за повлекување на руските сили од границата со Украина

НАТО забележал извесни активности во близина на границата со Украина кои би можеле да укажуваат на повлекување на руските трупи од регионот. Ова го изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен за време на посетата на Подгорица. Тој додаде дека сепак сеуште е рано да се каже дека навистина Русија ги повлекува трупите од границата со Украина.