Путин: Русија сака добри односи со сите, но рамноправно

Русија сака да ги подобрува односите со сите земји, но треба да биде третирана рамноправно и со респектирање и на нејзините интереси. Ова денеска го изјави рускиот претседател Владимир Путин во пораката до учесниците на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Поради улогата на Русија во кризата во Украина, извршните директори на десетици големи меѓународни компании го откажаа учеството на форумот. Во Германија, извршните директори на Дојче банк и на Сименс потврдија дека нема да учествуваат на настанот. Триесетина други меѓународни фирми исто така го откажале присуството на форумот. Владата на САД упати апел до американските директори да го откажат нивното присуство на форумот.