Генералниот секретар на НАТО денеска во Македонија

Во рамките на посетата на регионот, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, генералниот секретар на НАТО ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи на РМ.