Избори за Европскиот парламент

Денеска почнуваат изборите за Европскиот парламент. Британците и Холанѓаните први ќе излезат да гласаат на четиридневните избори на кои право на глас имаат околу 400 милиони луѓе. Во Европскиот парламент има 751 претставник. Пратенички места се доделуваат на секоја земја-членка на ЕУ врз основа на населението. Најголем број места одат во Германија (96), Франција (74), и Обединетото Кралство и Италија (73). Најмалите земји - Кипар, Малта, Естонија и Луксембург – добиваат по шест места.