Времето денеска -сончево со мала облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот во источните делови од земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурата ќе се движи од 21 до 32 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот во источните делови со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува топло време, во попладневните часови можна е локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во сабота.