Неколку убиени во напад врз пазар во западна Кина

Неколку луѓе биле убиени кога на еден пазар била фрлена бомба од две возила во движење. Нападот се случил во Урумки, главниот град на Ксинџијанг, регион кој е претежно населен со муслиманските Ујгури.
Пекинг наведува дека тој регион се соочува со терористички закани од сепаратисти кои се водени од исламскиот екстремизам. Групите за човекови права велат дека економската нееднаквост и верската репресија на Ујгурите се причина за немирите.