Котески: АРМ останува во Авганистан и по ИСАФ

Горанчо Котески

Македонија продолжува со партиципацијата и во пост-ИСАФ мисијата во Авганистан, но и со учество во борбените групи на безбедносните сили на Европската унија, како и во организација на специјални оперативни единици за реакција при кризи во рамки на Балканот. Ова за агенцијата МИА го изјави началникот на Генералштабот, генерал потполковник Горанчо Котески пред денешниот соатанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел на кој ќе се расправа за оперативниот план за повлекување на силите од Мисијата ИСАФ во Авганистан.