Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го одбележува Денот на назависноста, 21 мај 2006 година, кога на референдум ја возобнови својата државна самостојност. Собранието на Црна Гора претходно усвои Закон за референдум, кој беше договорен со препорака на Европската унија. Свечениот прием по повод Денот на независноста денеска ќе биде одржан во Подгорица.