Експлозии во Нигерија, повеќе од 100 загинати

Најмалку 118 луѓе загинале во неколку одвоени експлозии на автобуска станица и во маркет во градот Џос во централна Нигерија. Според полицијата, во моментот на експлозиите на тие две места имало илјадници луѓе. Втората експлозија се случила еден час по првата, убивајќи и членови на спасувачките екипи.
Сеуште никој не ја презел одговорноста за нападите, меѓутоа исламските милитанти од групата Боко Харам во претходните месеци ја преземаа одговорноста за слични инциденти.
Припадниците на оваа група во минатиот месец грабнаа најмалку 276 девојчиња, а засега нема напредок во обидите за нивно спасување.