Русија и Кина најавија поблиска соработка

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва и Пекинг се согласиле за поблиска координација на нивните надворешни политики во рамките на меѓународните и регионалните организации.

Во заедничката изјава, по средбата на претседателите Владимир Путин и Кси Џинпинг во Шангај, двете земји повика на поголема регионална и политичка соработка за кризата во Украина.

Тие најавија зајакната соработката во енергетскиот сектор и развојот на инфраструктурата во Русија, како зголемување на трговијата во нивните локални валути. Се уште не е објавено дали ќе биде потпишан мултимилијардерски договор за гас меѓу Русија и Кина.

Во Шангај се одржува Азискиот самит за безбедност на кој ќе присуствуваат и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, узбекистанскиот претседател Ислам Каримов и иранскиот претседател Хасан Рохани.