Соединетите Држави испратија помош за настраданите во Србија и Босна

Соединетите Држави ќе испратат 26 тони помош за настраданите во поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина, соопшти Пентагон. Како дел од помошта се машини за пречистување вода, облека, душеци за спиење, генератори и гориво, прецизира Пентагон во соопштението. Дел од помошта денеска ќе биде испратен во Србија од американската база Кемп Дарби во близина на Ливорно во Италија.
Во меѓувреме, српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека во Обреновац досега се забележани 13 жртви и изрази надеж дека бројот на жртви „нема да биде катаклизмичен“, наспроти размерите на катастрофата. Според него обдукцијата на телата ќе покаже дали и колку од тој број на жртви се удавени, а колку починале од други причини. Тој прецизираше дека пристигнале 635 пријави, дека се извршило увид на 451 адреса, информациите се проверуваат и оти сите биле лажни.