Безбедноста-најголем предизвик за авганистанските избори

Висок авганистански официјален претставник изјави дека обезбедувањето на безбедноста ќе биде најголемиот предизвик за време на вториот круг од претседателските избори во земјата закажани за 14 јуни. Јусуф Нурицани, шефот на Независната изборна комисија на Авганистан, изјави дека владините безбедносни мерки за претстојните избори треба да бидат "двојно повеќе" од изборите на 5 април. Тој соопшти дека милитантите ќе бидат во подобра позиција како резултат на поволните временски за да организираат напади за да го прекинат гласањето. Нурицани изјави дека регрутирањето работници за изборите претставува уште еден предизвик, особено во оддалечените области.
Околу 7 милиони Авганистанци гласаа на 5 април пркосејќи им на заканите од страна на талибанските милитанти. Фаворити на првиот круг се поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула и поранешен министер за финансии Ашраф Гани, кои ќе се натпреваруваат еден против друг во вториот круг.