Пилај во посета на Грузија

Високиот комесар на ОН за човекови права, Нави Пилај е во посета на Грузија со цел да разговара за ситуацијата со човековите права во земјата. За време на нејзиното патување, Пилај ќе се состане со претседателот Ѓорѓи Маргвелашвили, премиерот Иракли Гарибашвили, спикерот на парламентот Давид Усупашвили како и други високи владини претставници. Главната директорка за човечки права на ОН, исто така, ќе разговара со претседателот на Врховниот суд Коте Кублашвили, потоа со народниот правобранител Нанушвили, како и со претставници на граѓанското општество и членови на меѓународната заедница во Тбилиси.
Таа исто така ќе ја посети населбата за внатрешно раселените лица и административната гранична линија со отцепениот регион Јужна Осетија.