Наредена целосна евакуација на Обреновац

Обреновац

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стафановиќ денеска нареди итна и целосна евакуација на Обреновац поради нов бран поплави од реката Сава. Претходно беше соопштено дека водата се повлекува од Обреновац и оти почнала дератизација на теренот. Во поплавите во Обреновац настрадаа над десет луѓе.