ММФ очекува економски раст од 3,5% во Македонија

Меѓународниот монетарен фонд очекува растот на македонската економија да зајакне и смета дека предвидниот раст од 3,5 проценти е остварлив.
Ова го истакна шефот на Мисијата на ММФ Ивана Владкова Холар по двонеделните разговори со претставници на Владата, Народната банка и приватниот сектор во Македонија.
Таа потенцира дека постојат потенцијални надворешни ризици и порача дека фискалната политика треба да се фокусира кон исполнување на таргетот на проектираниот дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Оценето е дека финансискиот сектор е стабилен, но оти не е препорачливо натамошно релаксирање на монетарната политика, особено имајќи предвид дека кредитниот пораст се забрзува, а резервите се намалуваат.