Расмусен: Европа се соочува со нова безбедносна ситуација

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, на прес конференција во Брисел изјави дека руската агресија врз Украина е предизвик за основната идеја, - правото на суверени земји да го избираат сопствениот пат. Тој оцени дека Европа се соочува со комплетно нова безбедносна ситуација, - тешко предвидлива и опасна. Расмусен повика на поголеми издвојувања за одбраната, оценувајки дека безбедноста е основа за просперитетот. НАТО, за жал, не гледа никакви докази дека Русија почнала да ги повлекува своите сили од границата со Украина, изјави Расмусен, коментирајки ја денешната вест дека рускиот претседател Владимир Путин наредил повлекување на руските трупи во базите.