Убиен украински војник во близина на Слaвјанск

Украинското министерство за одбрана соопшти дека еден украински војник бил убиен денеска, кога про-руски милитанти гранатирале контролен пункт во близина на Слaвјанск. Според истиот извор, нападот бил изведен од градинка, со што бунтовниците се обиделе да испровоцираат контра-напад врз градинката. Украинските сили пред неколку недели започнаа акција против про-руските бунтовници, но досега не успеаја да ги истиснат од неколкуте градови во источна Украина, кои се под нивна контрола.