Путин наредил повлекување на трупите од границата со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин наредил руските сили, кои беа на наводна воена вежба на границата со Украина, да се вратат во базите. Според проценките на НАТО, Русија имала око 40 илјади војници на границата со Украина. Путин и на 7-ми мај најави дека руските сили се повлекуваат од граничниот појас, но НАТО и Соединетите Држави соопштија дека нема знаци на повлекување.