Либија пред нова голема криза

Група вооружени лица вчера упаднаа во парламентот на Либија во Триполи. Поранешниот генерал Калифа Хафтар изјави дека упадот го извршиле негови приврзаници и оти не станува збор за државен удар, туку за акција за отстранување на исламистичките радикали. Привремената влада на Либија денеска го осуди нападот врз парламентот и истакна дека ќе ја игнорира декларацијата на генералнот. Аналитичарите сметаат дека Либија е пред нова криза по соборувањето на диктаторот Моамер Гадафи пред три години, бидејки во земјата дејствуваат повеќе вооружени групи. Агенциите јавуваат дека денеска имало престрелки во источниот град Бенгази.