Расмусен ќе има обраќање за кризата во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен се очекува денеска на прес конференција да се обрати за кризата во Украина. Алијансата ја осуди руската анексија на Крим и ја обвини земјата затоа што не преземала мерки за намалување на тензиите во источниот дел на Украина, каде про-руските сепаратисти ја преземаа контролата во неколку градови. Расмусен кризата во Украина ја нарече „промена на играта“ и ја обвини Русија дека повеќе дејствувала како противник, отколку како партнер.