Најмалку 44 луѓе загинаа во поплавите во БиХ, во Србија и во Хрватска

Најмалку 44 луѓе загинаа во попавите во последните четири дена што ги зафатија БиХ, Србија и Хрватска.

- Во Обреновац пронајдени се 12 безживотни тела, се стравува дека нивниот број е поголем, а едно лице починало од природна смрт, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Со жртвите од Обреновац бројот на загинати во Србија се искачи на 16 лица.

Во БиХ властите соопштија за најмалку 27 загинати, а во Хрватска утрово загина еден маж.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ денеска потврди дека е пронајдена првата жртва во поплавите што ја зафатија земјата. Тој наведе дека жртвата е маж, но не го откри неговиот идентитет. Уште две лица се водат како исчезнати, по кои продолжува потрагата.