Околу 3.000 Кинези евакуирани од Виетнам

Повеќе од 3.000 Кинези се евакуирани од Виетнам поради жестоките анти-кинески немири. Гневот во Виетнам е предизвикан од одлуката на Пекинг да се распореди платформи за нафта во спорниот дел на Јужното Кинеско Море. Двајца кинези загинале , а околу 100 се повредени во судирите меѓу демонстрантите и Виетнамските кинески работници. Во меѓувреме Кина испрати пет бродови кон Виетнам за да ја забрза евакуацијата на своите граѓани.