Украина - немирите закана за одржување на изборите

Украинската Централната изборна комисија изрази стравувања дека може да биде невозможно да се одржат претседателските избори следниот викенд,поради немирите во источниот дел на земјата. Комисијата објави дека не може да се подготват за гласање во регионот поради заканите и противправните дејствија на сепаратистите.Комисијата побара Киев да преземе итни мерки за да се обезбеди безбедноста. Во меѓувреме вчера властите во Киев го одржаа вториот круг мировни разговори подржани од западните земји со цел смирување на кризата.