Русија-на морнарицата и требаат технички станици во Латинска Америка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да воспостави воени бази во Латинска Америка, туку морски "станици". Лавров рече дека морнарицата на Русија мора да има можност да плови по океаните во светот и оти и требаат станици за да се обезбеди гориво, одмор и ситни поправки на бродовите.

Лавров беше во посета на Куба, Никарагва, Чиле и Перу во периодот од 29 април - 1 Мај.