Најмалку 20 загинати во поплавите во Србија и Босна

Најмалку 20 луѓе ги загубија животите при катастрофалните поплави во Србија и Босна, соопштија властите во двете држави.

Во источниот босански град Бијелина денеска беа евакуирани околу 10.000 луѓе откако се излеа реката Сава.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се очекува уште еден бран поплави утре попладне и оти Србија е подготвена да се справи со него.