Пустец останува општина, оние во Голо Брдо и Гора се укинуваат

Македонската општина Пустец во Албанија го задржува тој статус. Но, таа среќа ја немаат општините во областите Гора и Голо Брдо населени главно со Македонци. Тие со сите пет варијанти кои се предлагаат од Владата во Тирана, се припојуваат кон други општини.

- Министерот за локална самоуправа Бленди Чучи пред парламентарната комисија за територијалната реформа престави пет варијанти за територијалната реформа. Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Додека општините во Голо Брдо и Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини, изјави Васил Стерјовски од македонската партија Македонска алјанса за европска интеграција, кој како претставник на Македонците присувуваше на денешаната седница на комисијата.

Според Стерјовски, во наредните два месеца следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули Парламентот ќе гласа за новата територијална реформа.