Во Србија поплавени 936 објекти и евакуирани 7.250 луѓе

Obrenovac

Во поплавите во Србија, предизвикани од обилните дождови, до под вода биле 936 објекти, а во опасност 1.388 објекти, додека досега се евакуирани 7.250 луѓе, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Се преземаат масивни спасувачки операции. Во БиХ пак загина еден маж во Бјелина - Република Српска, кога дел од ѕид на неговата вила се урнал под притисок на надојдената вода.

Босна и Србија се соочуваат со големи поплави поради кои Европската унија, како што соопшти Брисел, го активира механизмот на цивилна заштита за да им помогне на овие две балкански земји.