Прва жртва во поплавите во БиХ

Еден маж загина во Бјелина во БиХ - Република Српска, кога дел од ѕид на неговата вила се урнал под притисок на надојдената вода.

Босна и Србија се соочуваат со големи поплави поради кои Европската унија, како што соопшти Брисел, го активира механизмот на цивилна заштита за да им помогне на овие две балкански земји.