Се уште имало затрупани рудари во рудникот во Сома

Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз изјави дека најмногу уште 19 лица се уште биле затрупани во рудникот Сома по несреќата во вторникот. Според него, бројот на загинати рудари би требало да биде околу 300 лица, пренесува турската приватна телевизија НТВ. Вкупно 19 семејства јавиле дека имаат свој близок во рудникот. Соодветно на тоа, сметаме дека може да го утврдиме конечниот број на жртвите во несреќата во рудникот на 300 или 301 лице, изјави Јилдиз.