Карлос Слим сака целосно да ја купи „Телеком Австрија“

Карлос Слим

Америка Мовил, на мексиканскиот тајкун Карлос Слим се понуди да ги купи и преостанатите 45 насто од Телеком Австрија што не ги поседува таа или нејзниот партнер, австриската владина холдинг компанија ОелАГ. Тие пред три недели го купија контролниот пакет акции во Телеком Австрија која има околу 20 милиони корисници во Австрија, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Србија, Македонија, Словенија и Лихтенштајн. Ова е дел од напорите на компанијата на еден од најбогатите луѓе на светот да го зацврсти своето присуство во Европа откако се откажа од купувањето на холандскиот оператор КПН во минатата година.