Во Србија продолжува справувањето со поплавите

Српските новински агенции јавуваат дека од изутрината центарот на Обреновац бил под вода за што биле упатени дополнителни сили од Секторот за вонредни ситуации за да извршат евакуација во тој град, но и во Лазаревац и Уб. Поради високиот водостој на реките била извршена делумна евакуација на жителите на Параќин и Јагодина. По барање на српското раководство, Русија испрати 70 спасувачи со неопходна опрема за такви ситуации. Српската влада вчера прогласи вонредна состојба во државата. Дождот во некои делови на Србија постојано врне повеќе од 36 часови и предизвика поплави во 18 општини во централниот и западниот дел на земјата.