На планината Влашиќ во БиХ над 80 сантиметри снег

Влашиќ

На планината Влашиќ од синоќа не престанува да паѓа снег, а висината на снежната покривка моментално е над 80 сантиметри, јавија босанските медиуми. На Влашиќ од синоќа нема ниту струја, а хотелите и другите објекти со се напојуваат со помош на агрегати. Проблем се и недоволно исчистените патишта, бидејќи целата механизација е префрлена во поплавените подрачја.