Унгарски европратеник шпионирал за Русија?

Архивска фотографија: Предизборен митинг на партијата Јобик.

Унгарски пратеник во Европскиот парламент од крајно-десничарската партија Јобик, Бела Ковач, ги негираше информациите дека бил осомничен од унгарските власти дека шпионирал за Русија. Унгарското обвинителство вчера соопшти дека побарале од Европскиот парламент да го укине имунитетот на Ковач, поради истрагата против него во врска со неодредени кривични дела. Весникот Маѓар немцет објави дека европратеникот е осомничен за шпионажа во корист на Русија, но Ковач, кој е член на Европскиот парламент од 2010 година, негира. Тој учествуваше во основањето на Алијансата на европските национални движења, која вклучува неколку радикални партии од Европа. Ковач е трети на листата на Јобик за изборите за европскиот парламент што треба да се одржат наредната недела. Потпретседателот на партијата, Золтан Балшо, изјави дека целта на обвинувањата е дискредитирање на партијата.