Путин се заканува со прекин на испораката на гас за Украина од јуни

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека од јуни, Русија ќе и испорачува гас на Украина само доколку плати однапред. Ова предупредување е содржано во писмото до европските лидери, кое денеска го објави Кремљ. Путин истакнува дека Газпром е принуден да бара исплата однапред бидејки долгот на Украина за рускиот гас достигнал 3,5 милијарди долари. Путина ја повикал Европската Унија и на поактивно вклучување во наоѓањето начини за стабилизирање на украинската економија која е во криза.